Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против К.Б.(47), полициски службеник во ПС за ГК „Ќафасан“, Т.Г.(51) и Н.Б.(46), двајцата вработени во Надворешна канцеларија за криминалистички работи во ПС Струга за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 03.02.2008 година, на ГП „Ќафасан“, при вршење пасошка контрола К.Б. дозволил лице од Струга да оствари излез од државата со патничко возило со странски регистерски таблички, сопственост на лице кое се наоѓа на привремена работа во странство, иако бил должен да не му дозволи излез од Р Македонија, а за сторениот царински прекршок да поведе прекршочна постапка и  возилото да го одземе. Откако на лицето не му било дозволено да оствари влез во Р Албанија, возилото го оставил во меѓуграничниот простор по што истото било пренесено во кругот на ПС Струга, каде Т.Г. и Н.Б., и покрај тоа што утврдиле дека возилото е предмет на царински прекршок, по задржување од четири месеци го вратиле на сопственикот, а против сторителите на царинските прекршоци не поднеле пријава до надлежната Комисија при Царинската управа, соопшти полицијата.

извор: МВР

Ohridnews