Внимание, стигнуваат лажни СМС пораки за казни од системот „Безбеден град“
11.03.26 14:02
Не помина долго од имплементирање на системот „Безбеден град“ во земјава, а истиот веќе е предмет на злоупотреби од измамници.
Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за „Безбеден град“, дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок. Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти.
СВР Охрид, ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства. Апелираме, граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства, стои во соопштението.
Шест брода полни со туристи денеска упорно чекаа да се истоварат на предвиденото одредиште во Св Наум, но ниту претпладне, ниту попладне не можеа да го направат тоа во договорените термини поради с...
Осмото издание на интернационалниот фестивал на комедијата “Summer Comedy Marathon” започна вчеравечер со настап на еден од најбараните светски стенд-ап комичари – австралиецот Amos Gill, кој пред ...
Охрид лице в лице со светска легенда на денс-културата и електронската музика По одличниот настап на Nakadia, летната серија во Rebel Ohrid продолжува — уште посилно, уште подлабоко и со уште погол...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.