Граѓани на Охрид кои се враќаат кон родниот град преку превојот Буково алармираат дека возењето по овој патен правец е крајно опасно, бидејќи снегот не е исчистен од коловозот. Тие велат дека забележале повеќе излетани и завеани возила покрај патот.

Како што веќе информиравме, снегот кој интензивно почна да паѓа претпладнето создава големи проблеми. Сообраќајот се одвива во влажни и лизгави коловози, а на одредени превои на сила е забрана за движење на тешки товарни возила.

OhridNews