Иако снежната покривка во Охрид изнесува едвај неколку сантиметри, таа предизвика доста проблеми во одвивањето на сообраќајот, а отежнато е и движењето на пешаците.


Екипи на јавното комунално претпријатие се на терен, но на коловозите сеуште има остатоци од снег, поради што на возачите им се препорачува внимателно возење. Дополнителен проблем претставуваат и паркираните возила на коловозите и тротоарите поради што отежнато е чистењето на јавните површини.


Особена внимателност им се препорачува на пешаците бидејќи тротоарите се лизгави. Надлежните ги потсетуваат граѓаните и сопствениците на дуќани дека законска обврска е да ги исчистат од снег јавните површини пред нивните домови, односно деловни објекти, но тоа ретко кој го прави.


Метеоролозите најавуваат дека врнежите од снег ќе продолжат и во текот на ноќта и во утрешниот ден.

OhridNews