Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по суви коловози, информираат од АМСМ.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, посебно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун се уште во тек е изведување на градежни работи за санација на свлечиште. Сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
OhridNews