Поради санација на оштетувањата на коловозот, делови од асфалтот на планинскиот превој Стража се исечени, поради што возачите треба да бидат крајно внимателни. Пред местата каде во тек се санационите работи поставени се сообраќајни знаци, но впечаток е дека недостига соодветна сообраќајна сигнализација што благовремено ќе укажува на опасноста.
Магистралниот пат Охрид – Скопје е во многу лоша состојба. Ударни дупки има речиси по целата должина на овој фреквентен патен правец, кој и покрај најавите во скоро време нема да биде осовремен.