Според најновите податоци на Авто- мото сојузот на Македонија сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

Поради магла намалена е видливоста до 100 метри на планинскиот премин Стража.

Од АМСМ препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews