Колку тие се исправни и дали можат да предизвикаат електричен спој и опожарување, повеќе од сигурно е дека нема да ви кажат сопствениците на тезгите на кои се продаваат или во супермаркетите во кои се нудат.
– Кога ние набавуваме од сијаличките при украсувањето на градот пред да ги ставиме во употреба, без исклучок, жиците ги обложуваме со уште неколку слоеви со материјал за изолација. Жиците на новогодишните сијалички се многу тенки и лесно може да дојде до електричен спој, а како резултат на тоа и поголеми несакани последици, велат од службите за одржување на градското осветлување при Локалната самоуправа.
Продавачите на новогодишните сијалички тврдат дека тие се исправни. При тоа немаат никаков доказ или писмена потврда за тоа- ниту од самиот произведувач во Кина, ниту пак од страна на дистрибутерот за овдешниот пазар.
– Досега никој не дошол да се поплаче на квалитетот на сијаличките, можеби тие брзо се расипуваат, но што може ние тука да направиме, велат продавачите.
Во последниве неколку години, пожарите предизвикани од неисправните новогодишни сијалички, се се почести.
По изјавите на Европската комисија, дека дури 70 проценти од сијаличките може да предизвикаат струен удар или пожар, во некои од европските земји започнаа акциии за расчистување на опасните производи. Македонија не е една од нив.