
На граѓаните АЕК им советува да ги исклучат опциите за автоматско конектирање на интернет на паметните телефони и рачно да ги подесуваат вајарлес мрежите во странство бидејќи цените на мобилниот интренет се исклучително високи за македоснки стандард и во зависност од државата се движат од 60 до 1000 денари за потрошен мегабајт.
Внимателни граѓаните треба да бидат и во Охрид, бидејќи сигналот на мобилните оператори од Албанија е исклучително силен и доколку мобилниот телефон ви е наместен на автоматски избор на мрежа лесно може да се случи да бидете приклучени на роаминг. Затоа сетирајте го вашиот мобилен мануелно да го врши изборот на мрежа.











