Сезоната на домашно вино заврши. На домаќините на кои им остана вино, но и комина, не им преостанува друго освен да сварат ракија. Казанџиите деновиве имаат полни раце работа. Еден затекнавме на булеварот “Туристичка“  кој веројатно во брзање се движеше во спротивен правец на коловозот.


необичен транспорт во спротивна насока

Охриѓани за разлика од кавадарчани ракијата ја сакаат пољута, најчесто лозова или комова а поретко од слива. За некои варењето ракија е вистински ритуал, па така посебно ги подготвуваат казаните, кои некогаш се премачкуваат со мед, или се ставаат разни додатоци за шмек. Но постарите велат ракијата е најдобра без додатоци, но се’ зависи од вкусот и навиките. А нив Македонецот кај да е ќе мора да ги менува оти според строгите европски закони варењето ракија мора да биде строго контролирано и во стандардизирани услови.

Ohridnews