Возачите на ул „Партизанска“ деновиве беа непријатно изненадени од контејнер кој некој во ноќните часови го поставил сред коловоз. За среќа автомобилите ја избегнаа неочекуваната пречка.

Ова не е прв пат несовесни граѓани да ги поместуваат контејнерите на коловозите, со што во сериозна опасност ги доведуваат учесниците во сообраќајот.












