Внимавајте какви играчки има купувате на децата, зошто насекаде низ Охрид се нудат вакви детски реквизити со сомнителен квалитет, а голем дел од охридските  трговците што продаваат детски играчки, не работат според  Правилникот за својства на детските играчки, пропишан од страна на  Министерството за економија и Министерството за здравство на Република Македонија.

Од Охридските продавници, кои продаваат  сертифицирани  детски  играчки велат дека родителите кои купуваат вакви играчки ризикуваат по здравјето на своето дете, затоа што материјалот од кој е направена играчката може да содржи и отровни материи. 

-Низ повеќе продавници, на пазарите и на тезгите  низ Охрид се продаваат играчки со сомнителен квалитет и со сомнително потекло. Најчесто истите се без амбалажа или со амбалажа која е несоодветна за таа играчка.  Исто така на играчките не е  назначен составот од кој се направени и возраста на децата кои можат да си играаат со нив, објаснуваат продавачите од неколку охридски продавници, во кои се продаваат оргинални играчки и реквизити за деца.

Тие нагласуваат дека според Правилникот за својствата на детските играчки во Република Македонија, механичките, физичките, хемиските, електричните и хигиенските својства треба да бидат декларативно и уредно истакната на амбалажата од играчката, без разлика на  производителот на истата.

– Задолжително на видлив дел од амбалажата треба да биде назначена и најниската возраст на детето кое може да си игра со играчката. Исто така потврда за тоа  дека играчката ги задоволува стандардите  за квалитет на детските реквизити се потврдува и со европски знак за квалитет ЦЕ, велат нашите соговорници.

Тие ги предупредуваат купувачите да внимаваат на тоа дека  кинеските производители многу често го фалсификуваат овој знак за квалитет и наместо проверен квалитет, ЦЕ-ознаката на кинеските производи значи Кина-експорт.

OhridNews