Во јуни годинава во државава издадени се 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4 857 279 илјади денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 37 (17,4 отсто) за објекти од нискоградба и 56 (26,3 отсто) за објекти за реконструкција.
Во јуни во Охрид издадени се три одобренија за градење од кои едно на физичко лице и две на деловен субјект. Предвидена е изградба на 44 станови, 36 трособни, 7 четворособни и 1 седмособен со корисна површина 2 787 м2. Предвидената вредност на објектите изнесува 98 630 илјади денари; покажуваат податоците на ДЗС.
Во општините Дебрца и Вевчани издадено е по едно одбрение за градење, а во Струга во јуни не е издадено одобрение за градба.
OhridNews