Во 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп Охрид ќе се сретне со Олимпијакос. Ждрепката за четвртфиналната фаза се одржа денес во седиштето на ЕХФ во Виена.

Првиот натпревар ќе се одигра на 28/29 март во Атина, а реваншот во СРЦ „Билјанини извори“ на 04/05 април.

Победникот од дуелот на ГРК Охрид и Олипијакос во полуфиналето ќе игра против победникот од Целје (Словенија) – Бузау (Романија).

OhridNews