Во годината што започна одбележувањето на 1100 години од смртта на св. Наум Охридски Чудотворец ќе биде еден од централни јубилеи во Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности на Собранието на Република Македонија.

Св Наум (830-910) заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методиj. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Eзеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.

Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител.

Култот кон Свети Наум Охридски Чудотворец е силен и надвор од Македонија.

Ohridnews