Во текот на 2010 година, на подрачје на државата од областа на сексуалните деликти извршени над малолетници,  регистрирани се вкупно 90 (89) кривични дела, извршени над 75 (90) малолетнци, за што кривично се пријавени  97 (99) сторители.

Гледано по подрачја, сексуалните злоупотреби над малолетници се најзастапени на подрачјето на Прилеп – 16 дела, следува Штип со 14 кривични дела, осум кривични дела во Скопје, во Неготино – шест кривични дела, на подрачје на Струмица – пет, по четири во Охрид и Велес, по три дела во Кочани и Куманово, по две дела во Гостивар, Радовиш, Кичево, Крива Паланка, Виница и Битола и по едно на подрачје на Берово, Гевгелија, Пехчево, Кавадарци, Тетово и Струга.

Најголем број од регистрираните сексуални деликти се – “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“- 61 (52) кривично дело, зголемени за 17,3% во однос на 2009 година, а од нив 13 дела се регистрирани на подрачјето на Штип,  по седум во Скопје и Струмица, пет во Прилеп, по три дела на подрачје на Охрид, Неготино, Битола, Радовиш, Велес и Кочани, по две дела во Кичево и Виница и по едно кривично дело на подрачје на Гостивар, Куманово, Кавадарци, Берово, Тетово, Гевгелија и Струга.

Како жртви на половите злоупотреби се јавуваат 52 малолетници до 14-годишна возраст (40 девојчиња и 12 момчиња), а најмладата жртва е на возраст од шест години, при што во најголем број случаи децата потекнуваат од социјално загрозени семејства.

OhridNews
извор: Makfaks