Постапувано било по секое од нив, по што во законски утврдениот рок, на барателите им била доставена потребната информација. При тоа, делумно одговорено или отфрлено не било ниту едно од доставените барања.
Како што информираат од локалната самоуправа, според областа на интерес за добивање на информации од општина Охрид, во текот на минатата година доминирале прашањата од правната регулатива-13, од комуналната сфера-6 од урбанизмот и финансиите по 4.
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, беше усовоен во јануари 2006 година со што Република Македонија влезе во заедницата на над 75 земји од светот кои имаат закони со кои се гарантира правото на пристап до информации од јавен карактер.