Следната година за прв пат ќе биде отворен нордискиот туристички пазар и ќе профункционира чартер линијата Охрид-Хелсинки, најави Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија.

-Во 2011 година за прв пат се отвора нордискиот пазар, односно Финска со чартер летот Охрид-Хелсинки, за периодот мај-септември, изјави вчера во Битола директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, Зоран Стрезовски, кој учествуваше на промоцијата на локалниот туристички водич.

Покрај од Финска, во периодот мај-октомври 2011 линија кон охридскиот аеродром ќе функционира и чартер линија од Холандија, за што веќе е потпишан договор со реномираниот тур-оператор „Корендон интернационал“. Според договорот, туристите од Холандија ќе бидат сместени во девет хотели на охридско-струшката ривиера, каде е извршен закуп на 180 соби. „Корендон“ во тек на 165 дена од наредната летна туристичка сезона ќе реализира 46 ротации на туристи, со максимална проекција од 8.188 гости или 57.316 ноќевања.

ОhridNews