Педесет и четири бесправно изградени објекти се регистрирани во Охрид минатата 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од нив 13 се објекти за домување, 11 гаражи, 9 огради, 7 настрешници, по 5 биле доградби, надградби и слични адаптации и помошни објекти, 2 деловни објекти и по една тераса и времен објект, покажуваат податоците на ДЗС.

Споредбено со претходните години, во 2023-та биле регистрирани 38, во 2022 година 53, додека во 2021 година 70 дивоградби.

Во Струга минатата година се регистрирани 45 бесправно изградени објекти, од кои по 14 објекти за домување и доградби, надградби и слични адаптации и помошни објекти, 8 огради, 3 деловни објекти, по 2 гаражи и времени објекти и по една тераса и настрешница, се посочува во извештајот од ДЗС.

Во 2023-та во Струга биле регистрирани 49, во 2022 година 26, додека во 2021 година 34 дивоградби.

Што се однесува вкупно на ниво на држава во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, од кои најголем број, 93.8%, се во приватна сопственост и за домување, 151 објект (19.9%).

Н.С.Ј.