-Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највиталниот дел од Општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија, хирургија , анестезиологија, урологија и Одделение за уво, нос и грло. Ветија дека за шест, потоа за дванаесет, па за 16 месеци, дека ќе ја завршат реконструкцијата на болницата, но сведоци сме дека работите не се тргнати од почетната точка и дека овој горлив проблем ќе биде решен во догледно време, велат од МЦО.
Оттаму додаваат дека неодговорноста на надлежните од централната власт, пред се на Министерството за здраство, оди дотаму што се оглушуваат на сите барања и повици за наоѓање на времено решавање на овој проблем и утврдување на точни рокови за конечно завршување на реконструкцијата на срушената зграда на Општата болница.