Во рамките на драмската понуда на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот ќе  биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа, а во режија на Нела Кочиш, Озрен Грабариќ и Дарко Стазиќ. Станува збор за проект на ПУК – Патувачки театар и Младинскиотцентар „Рибњак“ – Сцена „Рибњак“.

Славнатадрама на Крлежа, дел од трилогијата за Глембаеви, е поставена како жесток судир на тројца луѓе. Во фокусот на безвременската приказна за љубовниот триаголник и подемите и падовите во општеството, се наоѓаат сензитивната и разочарана Лаура Ленбахова, која храбро ја поднесува имотната и општествената деградација работејќи во својот кројачки салон и служејќи ги муштериите, нејзиниот интимен пријател, адвокатот д -р Иван племенитиот Крижовец, кој успеал да се снајде во новонастанатите општествени ситуации и мажот на Лаура, пијаница и коцкар, бивши коњанички потполковник и бивши затвореник баронот Ленбах.

– Крлежа е класичар.  Претставата  „Во агонија” е играна на сите сцени во Хрватска, а со тоа нашиот предизвик и одговорност беа уште поголеми, да се создаде нешто ново и поинакво од предлогот кој толку пати е режиран. Ние експериментираме, истражуваме, настојувавме да создадеме претстава која нема да биде само убава интонација и совршено изговорени реченици на Крлежа без емотивно покритие. Нашата цел беше да создадеме возбудлива, жива, драматична претстава што ќе биде поинаква, но сепак ќе остане на Крлежа, вели режисерката  и актер во претставата Нела Кочиш.

Освен Кошиш во улогата на Лаура Ленбахова, во претствата играат и Озрен Грабариќ како Иван племенитиот Крижовец и Дарко Стазиќ кој ја има улогата на баронот Ленбах. Сценографија е на Петра Крилетиќ, а костимографијата ја изработи Марита Ќопо.

OhridNews