Полицијата во текот на изминатата вечер извршила акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.
Притоа, во село Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој. Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на Законот за забрана за пушење во затворени простории, соопшти МВР.

OhridNews











