Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Незаконит риболов„ СВР Охрид, има поднесено кривична пријава против двајца охриѓани кои на 13-ти овој месец, кај авто-кампот „Андон Дуков„ биле затекнати при излегување од езерото. Во чамецот пронајдени се вкупно 202 шпарчиња риба „Белвица„ со тежина од 20,5 килограми, 28 парчиња „Мрена„ со тежина од 3,45 килограми, 37 парчиња „Грунец„ со тежина од 1,60 килограми, 13 парчиња „Клен„ со тежина од 1,13 килограми и еден „Крап„ со помала тежина како и четири рибарски мрежи во должина од 150 метри.
Кривична пријава за незаконит риболов, СВР Охрид, поднесе и против двајца охриѓани кои на 20-ти овој месец, во време на целосната забрана за риболов, противправно уловиле 13 парчиња риба „Белвица„ со тежина од 1,35 килограми. 3 парчиња риба „Мрена„ и 6 парчина „Грунец„. Пријавените се затекнати кај месноста „Надол„ во близина на селото Трпејца при излегување од чамецот, во кој, покрај уловот имало и 3 мрежи во должина од по 50 метри.
По акцијата на полициските службеници, кривична пријава е поднесена и против уште еден охриѓанец кој во близина на авто-кампот „Андон Дуков„ во својот чамец се обидел да врши незаконит риболов. Од него, одземена е рибарска мрежа со која е забранет риболовот во должина од 100 метри.
На струшкиот дел од крајбрежјето, во неколку чамци, пронајдени се повеќе рибарски мрежи.
СВР Охрид и езерската полиција најавуваат дека продолжуваат со акциите за спречување на незаконитиот риболов, а одземените риби, со соодветен документ ќе се предаваат во Хидробиолошкиот завод.