Изминатиот викенд на градскиот плоштад во Охрид, на иницијатива на волонтерката Анастазија Димзовска, се одржа акција за вдомување на бездомни кученца. Акцијата беше успешна бидејќи половина од понудените кученца беа вдомени. Сите кученца беа искапени, прочистени од глисти и болви. Акцијата ја поддржаа неколку млади волонтери од Охрид.

Оваа акција е уште еден придонес на младите охридски волонтери за намалување на бројот на бездомни кучиња во градот, за што заслужуваат чиста десетка.

Фотогалерија:

Фото: Анамарија Момироска