Товарните возила од земјава ќе можат да влегуваат на територија на Албанија со полни фабрички резервоари. Забраната за влез на превозниците од Македонија кај западниот сосед, со повеќе од 200 литри гориво е веќе минато.

Овој режим на контрола на горивото во резервоарите важеше на граничниот премин Ќафасан. Истиот од страна на превозниците беше оценет како несоодветен, па затоа со заеднички напори на повеќе државни институции се укина оваа забрана“ – велат од министерството за транспорт и врски.

OhridNews