Општина Охрид, како град партнер учествуваше на третиот Меѓународен саем за вино што деновиве се одржа во организација на општина Александровац.  

На саемот, Охрид ја претстави богатата туристичка понуда,  квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од подготвените специјалитети од домашни производители.

Претставниците на двете општини- Охрид и Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка помеѓу локалните стопанственици.

Во знак за успешна соработка помеѓу двете општини, градоначалникот на општина Александровац, Југослав Стајковац на охридската делегација и додели благодарница за учество на саемот и досегашната меѓусебна соработка.

OhridNews