Во април годинава во Охрид биле издадени девет одобренија за градење, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија. Кај пет од нив како инвеститор се јавува физичко лице, додека кај четири правен субјект. Предвидена е градба на 100 станови, најмногу од нив двособни, со вкупна корисна површина од 6.090 м2.

Во Дебрца не се издадени одобренија за градба.
На ниво на држава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија предвидената вредност на објектите изнесува 4 577 429 илјади денари, што е за 41.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови со вкупна корисна површина од 65 663 м2.
OhridNews












