Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2011 година изнесува 118 341, а бројот на ноќевањата 629 670.

Тоа значи дека споредено со бројот на туристите во август 2010, оваа година нивниот број бележи зголемување за 8.3%, а бројот на ноќевањата од 5.9%. Притоа, евидентирано е зголемување на бројот и на домашните и на странските туристи.
Во однос на бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2011 година, во однос на август 2010 година, забележано е намалување за 0.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 50.5%.

Во периодот јануари-август 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.7%, а кај странските има зголемување за 24.5%. Притоа, бројот на остварени ноќевања на домашните туристи бележи намалување од 4.3%, а кај странските зголемување од 36.7%.

OhridNews