Од Управата за јавни приходи информираат дека во рамките на редовните активности во месеците Јули и Август 2014 година  на целата територија на Охрид се  извршени повеќе од 100  контроли по однос на примената на Законот за готовинско плаќање.

Кај 20 даночни обврзници   утврдени се направилности  во работењето, односно нередовно издавање на фискални сметки, потенцираат од УЈП.

На истите им биле изречени глоби и дадени решенија за времена забрана за вршење на дејност во деловните објекти  во траење  од 15 дена.

OhridNews