Повеќе од 450 гости, меѓу кои голем број охриѓани и иселеници од цела Македонија, во Австралија, во „Emerald receptions“ во Томастон, присуствуваа на традиционалниот Охридски бал 2017. Со Охридскиот бал се одбележа големиот православен празник Свети Наум Чудотворец во организација на истоименото охридско социјално друштво.

Присутните ги поздравија потпретседателот на друштвото Мишко Амреин, како и актуелниот претседател Васко Ангеловски. Тој,  меѓу другото, истакна дека со ваквите средби се враќаат спомените за родниот крај и семјените корени, кои ги зближуваат ислениците под заедничкото мото „Заедно сите Македонци од сите краеви на Македонија за доброто на македонскиот народ и нашата татковина“.

– Каде и да сме колку и да сме,со кого и да сме, Македонци да сме и да живееме и работиме за македонската кауза, националниот идентитет и благодет на нашиот народ, во духот на македонското национално чувство, рече Ангеловски.

На балот присуствуваа и Амбасадорот на Република Македонија, Веле Трпески, Генералниот Конзул на Република Македонија Бети Коруноска, Лили Ди Амброзио Министер за енергија и животна средина, Мери Лалиос- советник во општината  Виталси, претставници на македонските мидиуми и на културно уметнички  друштва.
Беше прочитана и поздравна честитка од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

За забавата се погрижија групата „Чардак“ од Охрид и Анета Наковска.

Кумови за 2017 беа Зоран и Валентина  Стаменкови, а наредната година ќе биде Петар Џепароски. Присутните имаа можност да ги проследат видео спотовите и промотивен материјал од Охрид, презентирани од ДИГИ ВИДЕО Целе Петрески.

Текст Лидија Ангеловака
Фото Стевче Македонче