Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, поднесена е кривична пријава против државјанин на Република Албанија.

На 6-ти јануари на граничниот премин Богородица осомничената се пријавила за влез во  Македонија како патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга. При извршена контрола под блузата, залепени на телото, пронајдени биле вкупно 7 пакувања со непозната прашкаста материја завиткани со самолеплива трака и најлонска кеса. По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата прашкаста материја преставува хероин со вкупна тежина од 1935 грама. Осомничената, дрогата ја носела за лице од Албанија за паричен надомест од 300 евра.

OhridNews