Во домот на 49-годишен кичевчанец при претрес кој бил извршен по наредба на Основниот суд –Кичево, неговиот син бил забележан како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки  става огнено оружје. Од страна на полициските службеници извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција.

 

Осомничениот е лишен од слобода, а од судија на претходна постапка одредено му е мерка притвор од 30 дена.

OhridNews