СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26 и 23-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При извршен преглед над возило управувано од едниот охриѓанец, во кое било и другото лице, пронајдени и одземени биле 40,26 грама наркотична дрога марихуана.