На трети февруари оваа година, во 02 часот и 55 минути во Охрид, при извршен преглед во патнички автомобил марка „БМВ“ со бугарски национални ознаки, во кое се наоѓале две лица од Струга, пронајдени се една затворена и една отворена најлонска паковка со, засега непозната прашкаста материја со бела боја.

– Дополнително, полициските службеници пронајдоа и една банкнота од сто евра со траги од бела прашкаста материја и еден нож на преклоп со рачка, црна боја, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По претходно запознавање на Јавниот обвинител и Судија за малолетници, двете лица се приведени, а пронајдените предмети со потврда, се одземени за натамошна постапка.

OhridNews