По повод успешно реализираниот проект „Заедно до почиста општина“, утре во селото Белчишта ќе се одржи свечен хепенинг, во чии рамки учениците од ОУ „Дебрца“ ќе изложат украси со разни декорации на продажната акција која започнува од 11 часот.

Исто така во овој проект на Министерството за животна средина и просторно планирање „Македонија земја на розите“, ќе се организира засадување на рози од страна на учениците, локалната самоуправа и градоначалникот Игор Трајкоски.

OhridNews