Во рамките на проектот „Заедно до почиста општина“, денес во просториите на ОУ „Дебрца“ во село Белчишта, се одржа јавна трибина на тема: „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“, на која присуствуваа и градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавното комунално претпријатие.
Темата на денешната трибина беше подигање на еколошката свест кај месното население и презентација на моменталната состојба во сферата на екологијата. Покрај презентацијата на учениците, на трибината директно учество зедоа и градоначалникот Трајкоски и директорката на комуналното претпријатие Јасмина Мицкоска, кои ја изразија својата поддршка за реализација на проектот.
Градоначалникот на најмладите им подели еко маички со логото од проектот „Заедно до почиста општина“.
OhridNews