Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот.

‎Особена чест ми е што на оваа свеченост ми беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, соработката и придонесот во развојот на туризмот на Балканот, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

‎„Охридската вечер“ е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград и важна можност за нови контакти и унапредување на туристичката соработка.

‎Остануваме посветени на континуирана промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација и привлекување на поголем број туристи, додава Пецаков.

‎Меѓународниот саем за туризам во Белград се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ до 22 февруари.

OhridNews