Земјотрес со јачина од четири степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран денеска 120 километри јужно од Скопје, во битолското епицентрално подрачје.

Според Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ во Скопје, земјотресот се случил во 8 часот и 49 минути, а е почувствуван во Битола и околината. Засега нема информации за било какви оштетувања на објекти.

OhridNews