Без победник (1-1) заврши првиот дуел од петтата рунда во италијанската Серија А помеѓу Болоња и Интер.

Со ремито на „Ренато дел Ара“ стадионот заврши победничката серија на „нероазурите“ која траеше од почетокот на сезоната.

Домаќините преку Симоне Верди поведоа со 1-0, а бод за гостите од Милано обезбеди Мауро Икарди со гол од белата точка.

Интер до одигрувањето на преостанатите мечеви од петтата рунда ќе биде осамен на врвот на табелата со бод повеќе од Јувентус и Наполи. 

OhridNews