Министерството за внатрешни работи потврди дека при извршен увид во стар неупотребуван бунар на длабочина од 6,9 метри е утврдено дека при ископот во неделата биле пронајдени и извадени човечки коски, односно делови од скелети, делови од черепи, коски и сл., а бунарот е лоциран во дворното место сопственост на Али Ахмети во кичевско село Зајас.

Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на Јавен обвинител и истите се испратени на вештачење во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје“, се наведува во билтенот на МВР.

Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу во понеделникот за медиумите рече дека се претпоставува оти остатоците потекнуваат од 1913 година, како и дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар.

Муслиу, исто така, рече дека луѓето чиишто останки се во оваа, како што се претпоставува, масовна гробница претежно се жители од кичевскот крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за десет до шееесте лица.