Викендов полицијата регистрирала уште неколку нарушувања на јавниот ред и мир во Охрид.
Рано утрово, околу 04.30 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, 18-годишен државјанин на Холандија во алкохолизирана состојба извршил оштетување на патнички автомобил по што, е приведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Вчера, пак, исто така рано утрото во 03,30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид нарушен бил јавниот ред и мир. 29-годишен жител на Охрид физички нападнал 25-годишен скопјанец. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против сторителот ќе поднесе соодветна пријава, најави портпаролот Димовски.
OhridNews












