Во месноста Чекоштина во Охрид ќе се гради нова населба за индивидуално домување, информираше денеска градоначалникот Александар Петрески. Проектот, како што рече тој, општината го реализира во соработка со Владата, а урбанистичките решенија треба се очекува да бидат готови до крајот на годината.

Не се работи за некаква елитна населба туку за станбени објекти кои ќе бидат изградени во ист стил, а се надеваме дека притоа ќе биде запазена старата охридска архитектура. На населбата Чекоштина треба да и се даде одредена содржина, но не станува збор за никаква елитна населба. Таква елитна населба се планира да се гради во месноста Горица исток на потегот од Рача до Св. Стефан, како и во близина на Пештани за што интерес пројавиле израелски инветститори.

Најавените инвестиции, според општината изнесуваат околу 100 милиони евра.

Ohridnews