Во чест на Св. Димитрија празнична богослужба во храмот на светителот во стариот Охрид
07.11.26 14:11
Со богослужба во храмот „Св. Димитрија“ во стариот дел на Охрид утре, 8 ноември ќе биде одбележан празникот Свети великомаченик Димитрија (Митровден). Богослужбата ќе започне во 7:30 часот, а ќе служи отец Васко.
Годинашни кумови се Наум Шешов и Митко Димитровски од Охрид и Жаклина Серафимова од Скопје. Тие ги покануваат верниците да присуствуваат на богослужбата и заеднички, во молитва и празничен дух, да го одбележат денот на светителот кон кого се негува голема почит во Охридскиот регион.
Според црковното предание, Свети Димитриј бил роден во Солун и маченички пострадал поради својата непоколеблива вера во Христа, а пред страдањето го наменил својот имот за сиромасите. Неговиот празник, Митровден, во народната традиција го означувал преминот од летниот во зимскиот период, кога се прибирале плодовите и се исплаќала заработувачката на сезонските работници.
Храмот посветен на светителот се наоѓа недалеку од Горна порта, веднаш до Галеријата на икони, кај излезот од дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Се вбројува меѓу помалите охридски цркви изградени и живописани во XIV век, а неговиот фрескоживопис, распореден во три зони, е дело на непознат зограф со високи уметнички квалитети.
Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство,...
Советот на Општина Охрид денес ќе ја одржи 18-та седница во зградата на Општината Советниците ќе расправаат за 60 точки меѓу кои тромесечните извештаи за работата и остварените резултати на локални...
Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h) Во Охрид времето денес променливо облачно ...