На пригоден начин, Општина Охрид во четврток ќе го одбележи јубилејот, 120 години од  смртта на Методи Патчев.

Во програмата предвидено е полагање на цвеќе пред спомен-обележјето на Методи Патчев, историски час на кој ќе говори проф. Михаил Патчев, како и културно-уметничка програма.

Настанот е закажан во 10.30 часот пред спомен бистата на Методи Патчев во градскиот парк.

OhridNews