Во четврток, 13 август, на територијата на Општина Охрид ќе биде спроведено земјено прскање против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување, информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, просторот на река Грашница и Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. – извести Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews












