Запрашувањето ќе се одвива од 00 часот до 6 часот, на следните локации: крајбрежниот дел од село Подмоље до Горица, територијата на град Охрид, потегот на река Грашница,Коселска Река, крајбрежието пред нас.Св.Стефан и од Автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум.
Се известуваат пчеларите, во деновите кога ќе се врши запрашувањето , да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.