До четврток ќе се знае дали увезените 360 литри сомнително млеко од „Дукат“ содржат афлатоксини.

Како што соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Се наоѓаат во магацините на дистрибутерите.

Според Рунтевски, контролите на афлатоксини во млеко не се дел од редовните анализи на граничните премини. Обично се спроведуваат по добивање евентуални сознанија за можно присуство на недозволени супстанци.

OhridNews
МИА