Jazz Inn
Од 21.05.2026 - 22:00 до 21.05.2026 - 00:00
Во четврток во џез клубот Џез Ин, целовечерен концерт ќе одржи можеби најдобриот македонски композитор и гитарист Тони Китановски. Неговото свирење има извонредна техника и имагинација, инспирирано од најголемите мајстори на гитарата во светот.

Во 1997 се враќа во Македонија и го формира прво составот “Луна”, а подоцна и своето трио. Првиот албум насловен како “One For Charlie” го издава во 1998 година за Скопскиот Џез Фестивел.
Оттогаш има издадено голем број албуми и свири со светски реномирани музичари. Подоцна станува професор на Музичката Академија во Штип.
Во четврток, во Џез Ин ќе го претстави проектот Interstellar Transmitions, квартет во кој уште настапуваат и Оливер Јосифоски (Љубојна) на контрабас, Сашо Поповски на гитара и Алек Секуловски на тапани. Инфо и резервации на тел. 078/201-491.
OhridNews









