Во четврток, 10-ти октомври, на репертоар на охридскиот Народен театар е претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.
Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски.
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.
Почеток на претставата е во 20 часот. Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
OhridNews












