Оваа година на сцената во Долни Сарај, по 13-ти пат ќе се одржи фестивалот „Канеофест 2014“.

Настанот ќе започне во четврток со фолк вечер, за кога е предвидено да настапат 20 учесници со досега неизведени композции.

Во рамките на првата фестивалска вечер, предвиден е ревијален дел со Јордан Митев и Културно уметничкото друштво „Младост“ од Кичево, кои ќе се претстават со сплетови од богатата ризница на македонскиот фолклор.

Во петок, на летната сцена во Долни Сарај ќе се претстават учесници на новокомпонирани поп-мелодии, додека „Канеофест“ ќе биде затворен со настапите на Тајзи, Влатко Илиевски, Дарко Илиески, Боби Мојсоски, Климент Стојаноски, Денис Мурат и Симона Поповска.

Инаку, „Канефест“  е во организација и покровителство на телевизијата „Морис“,  а почетокот на двете фестивалски вечери е закажан за 21 часот.

OhridNews